Aldıjana Hadzıc
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
ЧИКАГО (АА) - „Ноќта на вештеркитe“ (Halloween) во целиот свет се слави на 31 октомври, но овој празник е особено популарен во Соединетите Американски Држави (САД), каде што неколку дена претходно започнува парада низ улиците на градот, на којашто маскирани Американци ја покажуваат својата креативност, јавува Anadolu Agency (AA).

Неколку дена пред „Ноќта на вештерките“ во Чикаго организирана е парада на која учествуваа граѓани од сите генерации.
Илјадници Американци се собраа во парк „Грант“, а парадата е организирана во вечерните часови. Улиците на градот беа преплавени со луѓе облечени во интересни но и морничави маски.