Hasan Esen
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Терористичката организација ФЕТО е вознемирена од операцијата „Маслинова гранка“ која турските вооружени сили во саботата ја започнаа против терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сирискиот погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на терористичката организација ФЕТО на социјалните мрежи ги критикуваат турските сили кои ја започнаа операцијата со цел воспоставување безбедност на јужната граница на земјата и за да се спречи формирање на терористички коридор во пограничниот северен сириски појас.
Пораките кои упатуваат припадниците на терористичката организација ФЕТО откриваат вознемиреност и отворена поддршка на организацијата на терористите на ПИД / ПКК и на ДЕАШ во Африн.
Претставникот на поранешниот весник „Today's Zaman“ и избеганиот претставник на терористичката организација ФЕТО, Абдула Бозкурт, меѓу првите се огласи и го обвини раководството на земјата и на вооружените сили на Турција дека со операцијата во Aфрин сакаат да го запалат националниот и верски фанатизам во земјата, а ниту еден збор не даде за поддршка на Турција во борбата против тероризмот.
„Секогаш кога се интензивира авторитарната власт во Турција, први на мета се Курдите. Сè се менува, но тоа правило никогаш“, напиша на социјалните мрежи Тунџај Опчин, припадник на ФЕТО кој од турските органи на прогонот побегна во САД.
Уште едно познато име од редовите на терористичката организација ФЕТО, Емре Услу, ги коментираше молитвите со кои турскиот народ во џамиите ширум земјата ја поддржа војската во Aфрин и порача дека верата во Турција е поделена ако такви молитви нема во џамиите, во како што рече, курдските градови.
Поранешниот уредник на „Today's Zaman“ во бегство, Булент Кенеш, на интернет порталите на ФЕТО објави текст во кој ја обвинува Турција дека се свртела само кон Москва, а дека ги заборавила длабоките врски со НАТО и Западот.
Кенеш објави порака на Твитер со слоганот „Не, на војната во Африн“.
Уште еден ФЕТО терорист кој избега од турските истражни органи, Ихсан Јилмаз се приклучи на обвинувањата на сметка на Турција. Нему му смета името на операцијата „Маслинова гранка“ и тврди дека тоа е злоупотреба на симболиката.
Бриселскиот претставник на Здружението ТУСКОН (TUSKON), кое поради поврзаност со ФЕТО во Турција е затворено, Сердар Јешилјурт, објави порака во која се наведува дека „браќата кои прават грешки не треба веднаш да бидат нападнати и да им се нанесува штета“.
Турските сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Aфрин со цел воспоставување на безбедноста во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата окупирана од терористите и спасување на братскиот народ на тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на турските права засновани на меѓународниот договор и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на резолуцииите 1623 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014) кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Турција се повикува и на членот 51 од договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад во јуни 2012 година без судири им го препуштија подрачјето на Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Оттогаш Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 и 10 илјади терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината 1980-те години води терористичка кампања против Турција и досега во терористичките напади на организацијата животот го загубија околу 40 000 лица.