Ömer Faruk Yıldız
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен ја потресе државата Фиџи составена од повеќе острови, што се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан, известува Агенција Анадолија (АА).
Службата за метеорологија на Малезија соопшти дека утрово во 6:28 часот по локално време, на источните острови на Фиџи бил почувствуван земјотрес со интензитет од 6,1 степен.
Епицентарот на земјотресот бил на 616 километри југоисточно од островот Лаукала. По земјотресот не е дадено предупредување за можна појава на цунами.