Ekipa
26 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Дневниот број на заразени лица со Ковид-19 достигна уште еден рекорд, откако во земјата се регистрирани 352.991 нови случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вупниот број на случаи во земјата се искачи над 17 милиони, додека бројот на починати изнесува 195.123, вклучувајќи го рекордниот број на 2.812 нови смртни случаи.
Во Индија е забележан експоненцијален раст на бројот на дневните случаи до над 300.000 од четврток минатата недела, што го доведе здравствениот систем на земјата на работ на колапс и до недостаток на кислород во болниците.
Најмногу е погоден главниот град Њу Делхи, кој се соочува со акутен недостиг на кислород во болниците. Главниот министер на Делхи, Арвинд Кејривал, вчера најави продолжување на карантинот за уште една недела.
Соочувајќи се со тешката ситуација, владата презеде повеќе чекори за справување со вториот бран, наложувајќи им на железницата, воздухопловните сили и морнарицата за транспорт на кислород низ целата земја.
Владата вчера соопшти дека речиси 4.000 персонал за пружање нега и 64.000 кревети ќе бидат позиционирани на различни железнички станици, и ќе бидат достапни за брзо распоредување.