Mustafa Deveci
25 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Фотографијата на Агенција Анадолија (АА) за Украинката Олена Курило која беше ранета во руската воена интервенција, стана насловна во светскиот печат. Медиумите во светот со оваа фотографија на читателите им го покажа обемот на воената интервенција и состојбата на цивилите.
Волфганг Шван, фоторепортерот на АА, фотографира цивили повредени во руското бомбардирање на градот Чугуив во источна Украина вчера.
Меѓу овие кадри, фотографијата на наставничката Курило, која беше повредена во бомбардирањето, силно одекна во светот.

Голем број весници во светот, меѓу кои и весниците „Гардијан“ (The Guardian), „Тајмс“ (The Times), „Сан“ (The Sun), „Индипендент“ (Independent) и „Билд“ (Bild), ја користеа фотографијата на АА на своите насловни страници.
Весникот „Тајмс“ фотографија на АА ја употреби во веста објавена на насловната страница под наслов „Црн ден за Европа“.
„Гардијан“, пак, фотографијата на АА ја употреби во веста за руската воена интервенција во Украина објавена под наслов „Путин окупира“.
Германскиот весник „Билд“, од друга страна, на насловната страница ја вклучи фотографијата на АА во веста со наслов „Убедувањето на Путин, шефот на Кремљ изврши масакр во Европа“.
Од друга страна, фотографијата на АА беше користена и од информативните страници на голем број светски телевизиски канали, особено на „Си-ен-ен“ (CNN) и „Би-би-си“ (BBC).