Yusuf Özcan
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.633 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 641 нов случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 197.498.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 9.837 лицa, од кои 715 се наоѓаат на интензивна нега.
Во последните 24 часа починаа 16 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.633.