Ali Semerci
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
САНА
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) упати предупрадување дека африканските нерегуларни мигранти во Јемен се соочуваат со зголемени ризици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ИОМ на социјалната мрежа Твитер објави соопштение по повод 20 јуни - Светски ден на бегалците.
Во ова соопштение се нагласува дека мигрантите во Јемен се соочуваат со зголемени ризици и покрај што се намалува нивната бројка поради ограничувањата донесени против новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Според соопштението, илјадници нерегуларни мигранти се лишени од храна и вода.
Во соопштението не се дадени информации околу бкупната бројка на нерегуларни мигранти во Јемен.
Исто така, се истакнува дека во 2019 година над 138.000 мигранти од Африканскиот Рог дошле во Јемен со цел да бараат подобар живот во земјите од Персискиот Залив.