Mohamad Misto,Levent Tok,Adham Kako
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД МИСТО / ЛЕВЕНТ ТОК -
Франција, која го продолжува своето воено присуство во зоните окупирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, се обидува да биде посредник меѓу опозициските Курди и оваа терористичка организација, со која има блиски односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Националниот курдски совет на Сирија (ENKS), Франција вложува напори за решавање на проблемите меѓу ЈПГ/ПКК и Националниот курдски совет на Сирија, кој се смета за легитимен претставник на сириските опозициски Курди.
Во овие рамки, француските претставници пред 10 дена се состанаа со претставниците на Националниот курдски совет (ENKS), и им понудија помирување со ЈПГ/ПКК. Овие француски претставници, исто така, му предложија на Националниот курдски совет на Сирија да отворат канцеларија во зоните окупирани од страна на оваа терористичка организација.
Членовите на Националниот курдски совет на Сирија во Камишли организираа тридневен состанок со цел да ја разгледат оваа понуда, но нагласија дека не ќе можат да ѝ веруваат на оваа организација.
Се дознава дека САД наскоро ќе се сретнат со претставниците на Националниот курдски совет (ENKS) за да разговараат за истата тема.
- Проблемот меѓу ЈПГ/ПКК и Националниот курдски совет (ENKS)
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која се смета за претставник на сириските Курди, со моќта на оружјето ја потиснува опозицијата во зоните што ги окупирала.
Оваа терористичка организација претходно неколку пати приведе членови на Националниот курдски совет (ENKS), и ги запали или затвори канцелариите на политичките партии при Националниот курдски совет (ENKS).
- Поддршката на Франција за ЈПГ/ПКК и нејзиното воено присуство во регионот
Франција има присуство во пет воени точки во зоната окупирана од страна на ЈПГ/ПКК во Сирија, но тоа официјално не го признава.
Франција ја поддржува ЈПГ/ПКК под името на Сили на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.
Исто така, во Сирија се наоѓаат околу 200 војници на Франција, кои заедно со САД се позиционирани во воздушната база „Табка“, во северниот дел на градот Рака, во базата за обука и координација во Ајн Иса, и во воените точки на нафтеното поле „Омер“.
Фабриката за шеќер, која се наоѓа во северниот дел на Рака, е користена како база од страна на Франција, која во оваа зона поседува техничко-разузнавачка зграда и магацини за оружје.
Француските воени советници ги обучуваат припадниците на ЈПГ/ПКК во базата „Ајн Иса“.
Воздушната база „Табка“, која Франција ја користи заедно со САД, е место каде што стапката на присуството на француските војници е најголема.
Француската Армија за време на судирите во Багоз, кое е последно подрачје каде што се наоѓаат припадниците на ДЕАШ во Деир ез Зор, покрај артилериските гаѓања што ги направи од Ирак, ги погоди и привремените точки за гаѓање на нафтеното поле „Омер“.
Француските војници претходно реализираа патролни и стражарски активности во подрачјата на Миштанур Тепеси, Сирин, кои се наоѓаат во јужниот дел на Ајн ел Араб (Кобани), Сирија, на нафтеното поле „Кабиба“, и во воените точки во Кахар.
Француските војници продолжуваат да дејствуваат на нафтеното поле „Омер“ заедно со САД, иако е ставен крај на присуството на ДЕАШ.
Овие француски војници одвреме-навреме ја искористуваат фабриката за цемент „Лафарж“ (La Farge), која се наоѓа во Харап Ишк , како и воената точка Сирин. Тие преку овие точки реализираат активности и во Мунбич.
Исто така, француските војници реализираа заедничка патрола со елементите на ЈПГ/ПКК во изминатите месеци, кога беше актуализирана можната операција на Турција во Мунбич.