Ekip
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
ПАРИЗ
Франција и Германија ја предупредија Русија на „сериозни последици“ доколку се обиде да го поткопа територијалниот интегритет на Украина, извест
Министрите за надворешни работи на двете земји, Жан-Ив Ле Дриан и Хеико Маас, се сретнаа со нивниот украински колега Дмитро Кулеба во Брисел на маргините на министерскиот состанок на Источното партнерство, форум кој има за цел да ги подобри политичките и економските трговски односи од пост-советските држави Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.
Нивната средба доаѓа во услови на загриженост дека Москва се подготвува за можна инвазија на пограничниот регион на Украина. Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека Русија собрала речиси 100.000 војници на границата со неговата земја.
Загрижени во врска со засилувањето на трупите и воената опрема, Ле Дриан и Мас ја повикаа Русија да усвои став на воздражаност и да биде транспарентна во врска со своите воени активности.
„Секој понатамошен обид за поткопување на територијалниот интегритет на Украина ќе има сериозни последици“, се вели во заедничката изјава на двајцата министри.
Ова е втор пат од април Украина да се соочи со безбедносна криза на границите со Русија.
За деескалација на ситуацијата, Франција и Германија и предложија на Русија да се приклучат на преговорите со Украина во рамките на постоечкиот Нормандиски формат, кој беше користен во 2014 година за решавање на конфликтот Донбас. Сепак, Москва ја одби понудата.
Изразувајќи загриженост поради влошувањето на безбедносната ситуација во регионот Донбас во источна Украина, двајцата министри уште еднаш ја повикаа Русија да го обнови заедничкиот дијалог и целосно да го спроведе договорот од Минск.
Откако руските сили го нападнаа Донбас и го анектираа Кримскиот Полуостров во 2014 година, Франција и Германија заедно со Украина ја предводеа иницијативата да стапат во преговори со Русија. Киев и Москва и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го потпишаа Протоколот од Минск за спроведување на мировниот план и прекин на борбите. Но, договорот не постигна успех бидејќи Русија продолжува да ги поддржува бунтовниците во борбата против украинските владини трупи во Донбас.