Aşkın Kıyağan,Mehmet Yılmaz
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
ВАРШАВА
Во Полска усвоен е предлог-законот со кој ќе им се дозволува на новинарите да влезат во граничната зона со Белорусија под одредени услови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Кабинетот на премиерот соопштено е дека Владата усвоил дополнување во Законот за заштита на границите на државата
Во соопштението се нагласува дека дополнувањето на законот предвидува поефективна заштита на границите, притоа дозволувајќи им на новинарите да влезат на полско-белоруската граница под одредени услови.
Исто така се посочува дека продолжува притисокот што го создаваат луѓето сакаат да имигрираат во Европа.
Меѓу другото се наведува дека со дополнувањата ќе се зголеми и безбедноста на граничарите и дека новинарите под посебни услови можат да работат во пограничниот регион.
Во меѓувреме, портпаролот на парламентот Ришард Терлецки рече дека најверојатно националните медиуми ќе добијат дозволи за работа на границата, додека на регионалните медиуми нема им се обезбедат дозволи.
Варшава, која прогласи вонредна состојба во регионот поради тензијата предизвикана од луѓето кои се обидуваат да преминат од Белорусија во Полска сакајќи да имиграат во Европа, не им дозволи на новинарите и на невладините организации да влезат во областа.