Fuat Kabakçı
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кина и Фрнација ќе формират заеднички фонд за проектите во Азија, Африка и во прекуокеанските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро во рамките на официјалната посета на Пекинг се сретна со својот кинески колега Ванг Ји.
На средбата покрај израелско-палестинкото прашање, ситуацијата во Сирија и борбата против тероризмот, се разговараше и за прашања поврзани со транспортот меѓу Кина и Франција, нуклеарната енергија, подобрувањето на визните услови и за туризмот.
Ванг по средбата, на заедничката прес-конференција објави дека неговата земја постепено ќе ги отвори вратите за странските инвестици и дека ќе обезбеди флексибилност.
Тој истакна дека Кина спаѓа во групата на земји во развој и дека режимот којшто го применува кон странските инвеститори не треба да се споредува со оној на развиените земји.
Истакнувајќи дека треба да се развијат инвестициските кругови во Кина, Ванг рече дека кога ова ќе се постигне неговата земја уште повеќе ќе се отвори за странските инвеститори.
И францускиот министер за надворешни работи Еро истакна дека заедничкиот проект меѓу Кина и Франција "Hinkley Point" претставува добар пример и модел за инвестициите во Азија и Африка. Еро изјави дека со заедничките напори на двете земји во блиска иднина ќе се формира фондот.
Еро којшто потсети и на односите меѓу Израел и Палестина рече дека е потребно преку преговорите меѓу двете земји да се обезбеди мирот.
Биртанската влада во септември го потпиша договорот за нуклеарната централа "Hinkley Point" вредна 24 милјарди долари којашто ќе се изгради во југозападниот дел на земјата. Финансиерите на централата "Hinkley Poinт" ќе бидат Франција и Кина.