Alaattin Doğru
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
ПАРИЗ
Непознато лице му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на регионот Дром, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случи кога Макрон им се доближил на насобраните граѓани во градот Таин-Лермитаж во кој ја посети туристичко-угостителската гимназија.
Макрон им пријде на граѓаните кои чекаа да го поздрават, а еден од присутните го повлече за рака и му удри шлаканица.
На снимката од инцидентот не се слуша што зборува машкото лице додека го удира Макрон, но се слуша како ја завршува реченицата со извикување: „Нека е проклет макронизмот“.
Телохранителите на францускиот претседател интервенитраа брзо и спречија поголем инцидент.
Од Елисејската палата ја потврдија веста за инцидентот кој го нарекоа обид за шлаканица.
Француските медиуми јавуваат дека поради инцидентот од слобода се лишени две лица.
Францускиот претседател минатата недела престојуваше во дводневна посета на регионот Лот, а опозицијата го обвинува дека посетите на регионите во Франција ги организира во предизборни цели.