Selman Aksünger
08 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ХАГ (АА) - Во пресрет изрекувањето на конечната одлука на обвинетиот во Хаг, Ратко Младиќ, пред зградата на судот се собраа голем број претставници на медиумите и граѓани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред зградата на судот се истакнати и голем број знамиња со лилјани на кои се испишани имињата на босанските градови во кои се извршени злосторствата за време на војната 1992-1995 година.
Мурат Тахировиќ, претседател на Здружението на сведоци и жртви на геноцидот, во пресрет на второстепената пресуда на Ратко Младиќ, зборуваше за АА за очекувањата од денешната пресуда.
„Ние се надеваме дека она што Обвинителството го приложи во жалбената постапка ќе биде доволно да се пресуди и за геноцидот во другите општини во БиХ“, изјави Тахировиќ.
Тој додаде дека во секој случај претстои продолжување на борбата за процесуирање на пониските нивоа на власта на т.н. Српска Република кои сè уште се на слобода.
Претставниците на здружението „Мајки на енклавата Сребреница и Жепа“, Када Хотиќ, изјави дека се надева дека ќе биде потврдена доживотната казна на Младиќ.
„Се надеваме дека ќе остане доживотната казна бидејќи тоа беше единствена сатисфакција за жртвите од геноцидот“, изјави Хотиќ.
Конечната пресуда на Ратко Младиќ, првостепено осуден за воени злостроства, пред Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MMKS) во Хаг ќе биде обелоденета денес. Со првостепената пресуда на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (MKSJ) пред четири години, Младиќ е осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото во 15 општини во БиХ, опсада, снајперско дејствување и тероризирање на граѓаните на Сараево од 1992 до 1995 година и држење на припадниците на мировната мисија на ОН како заложници за време на бомбардирањето на НАТО.