Fatma Esma Arslan
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција отстрани камп во Париз во којшто живеја 500 бегалци, главно од Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Импровизираните шатори во близина на метро станицата беа отстранети од специјалната полиција. Во текот на нивното отстранување дојде до судир меѓу мигрантите и полицијата.
Бегалецот Мустафа од Иран соопшти дека полицијата секоја недела доаѓа и ги отстранува шаторите, без да понуди место на кое можат да останат.
Џазнејф, мигрант од Авганистан, рече дека Европа за нив е разочарување во вистинската смисла на зборот.
„Сум видел многу земји. Нелегално поминав низ повеќе од десет земји, но не сум видел толку сурова земја како Франција“, изјави Џазнејф.
Откако беше отстранет бегалскиот камп „Џунгла“, дел од бегалците заминаа во Париз, а дел во Белгија и во Германија. Околу 300 деца и илјадници бегалци по празнењето на кампот останаа без покрив над главата, што предизвика остри критики од страна на бегалските здруженија.