Ekip
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Ширум Франција продолжен е штрајкот на затворските чувари, кои во знак на протест поради серијата напади врз нив, ја блокираа работата на 119 затвори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на казнено-поправниот завод изјави дека поради блокадата на влезот, ситуацијата е влошена во 45 затвори.
Штрајкот е продолжен по вчерашните неуспешни преговори меѓу француското Министерство за правда и синдикатите на затворските чувари.
Штрајкот ширум земјата започна минатата недела, по нападите на чуварите во затворите. Минатата недела, тројца чувари беа повредени во напад во затворот Френ, јужно од Париз. До нов напад дојде во неделата во притворската единица во близина на Кале, при што беа хоспитализирани двајца чувари.