Ayşe Doğru
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер го погоди источниот и североисточниот дел на Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од интернет страницата на американскиот Центар за геолошки истражувања (USGS), епицентарот на земјотресот бил регистриран на 92 километри од заливот Муцу, во јапонската префектура Аомори во источниот дел на земјата, на длабочина од 39,8 километри.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.