Ekip
27 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ПАРИЗ (АА) - Француските власти соопштија дека спорните солзавец-гранати „GLI-F4“ веќе нема да бидат користени од страна на полициските сили во Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, во интервју истакна дека канистерите со солзавец нема да се користат во текот на сузбивањето протести и демонстрации.
Кастанер нагласи дека повлекувањето на овие солзавец-гранати ќе биде итно.
Во текот на изминатите две години, Франција е зафатена од демонстрации низ целата земја, за време на кои канистерите се користеа за смирување на насилствата.
„Се случи пред неколку месеци, полицијата да беше принудена да ги користи солзавец-гранатите за да ја потисне заканата, и демонстрантите што ги зедоа доброволно в рака сериозно се повредија“, рече Кастанер, додавајќи: „Ова е причината зошто сметам дека треба да ги отстраниме од употреба GLI-F4“.
Демонстрантите од овие солзавец-гранати се здобија со потешки повреди, од губење на очите до откинување на рацете, поради експлозивната муниција во солзавец-гранатите.
„GLI-F4“ содржи 25 грама ТНТ, експлозивен материјал кој обично се користи кај бомбите, и кога ќе се активира делува и како солзавец и како звучна граната. Тие беа најмоќните гранати што се користеа од страна на француската полиција и безбедносните сили по забраната на гранатата F1 во 2014 година.
Франција беше единствената земја во Европа која продолжи со употребата на солзавец-гранатата „GLI-F4“.