Mustafa Deveci
15 Септември 2018•Ажурирај: 21 Септември 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Францускиот писател и активист Франк Романо, кој е уапсен на протестите против одлуката за рушење на палестинските населби во регионот Хан ал Ахмер, во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), започна штрајк со глад, јавува Anadolu Agency (AA).
Нахум Олтчик, член на невладината организација „Combatants for Pease“ (Борци за мир), која ја основале палестинските и израелските активисти, за AA рече дека израелските сили активистот Роман го држат притворен во полициска станица во Западен Ерусалим.
Олтчик рече дека Романо стапи во штрајк со глад, со барање израелските власти да ја повлечат одлуката за рушење на палестинските населби, односно да дозволат на локалното население да гради свои куќи. Сѐ додека неговите барања не се исполнат, Романо ќе продолжи со штрајкот со глад.
Романо има двојно државјанство на САД и Франција, автор е на книгата „Љубов и терор на Блискиот Исток“, а во Палестина дојде за да пружи поддршка на народот во регионот Хан ал Ахмер.
Романо вчера е приведен во текот на протестите со уште тројца Палестинци.
Високиот израелски суд на 5 септември одби да прифати апелација на одлуката за рушење на палестинските населби во регионот Хан ал Ахмер, и потврди дека е потребно оваа населба да се испразни во рок од седум дена.