Rahmi Gündüz
31 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
ПАРИЗ (АА) – Францускиот обвинител за борбата против тероризмот Франоис Молинс изјави дека во минатонеделното апсење на осомничениот Ред Крикет спречи терористички напад во еден од квартовите во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Париската полиција минатиот петок уапси осомничено лице на воздраст од 34 години во северното париско предградие Аргентеул, а минатата вечер францускиот обвинител Молинс во обраќањето кон новинарите рече дека во куќата во која престојувало уапсеното лице е пронајдена голема количина на експпзив, оружје и муниција.
“Со апсењето на лицето, во последен момент успеавме да спречиме нов терористички напад во Париз, терористите беа спремни, но ние им застанавме на патот”, изјави Молинс. На прецизирањето во кој дел од Париз бил планиран нападот, Молинс изјави дека уапсениот ќе биде задржан во притвор, а против него ќе се подигне тужба за членство во терористичка организација и припремање на нов терористички напад.
“Куќата во која лицето престојувало личи на современа лабораторија. Во таа куќа пронајдовме пушка произведена во Хрватска, пет Калашникови, спрејови за очи, повеќе од килограм индустриски експлозив и поголема количина на муниција”, изјави Молинс.
Уапсениот од порано е познат на полициските структури. Судот во Брисел во јули минатата година во негово отсуство му изрече казна од десет години затвор поради врбување на младите за заминување на боишта во Сирија. Се поврзува и со терористичкиот напад во кој во ноември минатата година во Париз беа убиени 130 лица.