Ekipa
17 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот парламент ја усвои одлуката за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци, воведена по тероористичките напади во Париз во ноември минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Народното собрание, поточно долниот дом на парламентот, со 212 гласови „за” и 31 „против” ја продолжи вонредната состојба до 26-ти мај.
Тој чекор минатата недела го направи и горниот дом - Сенатот.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казенев, во дебатата во Националното собрание рече дека заканите од нови терористички напади и понатаму се големи по минатогодишните координирани напади во Париз.
Групите за човекови права беа против продолжувањето, наведувајќи дека вонредната состојба ги загрозува основните слободи.
Во Законот за вонредна состојба, кој датира од 1955 година, а изменет е во ноември, дадени ѝ се поголеми овластувања на полицијата, укината е потребата од налог во случај на претрес, воведена е забрана за собири како и домашен притвор за осомничените.
Вонредната состојба е воведена со извршен декрет по терористичките напади на 13-ти ноември минатата година, а потоа парламентот ја продолжи до 26-ти февруари. Во нападите на 13-ти ноември во Париз убиени се 130 лица.