Gülbahar Sayım
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
НИАМЕЈ (АА) - Поради заканата на терористичката организација Боко Харам во регионот Дифа, вонредната состојба е продолжена за уште три месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на владата на оваа земја, се наведува дека безбедносната ситуација во југоисточниот регион Дифа сè уште загрижува, поради што е донесена одлука за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци.
Инаку, во регионот Дифа во текот на изминатите година дена се случија околу 80 терористички напади на Боко Харам, во кои загинаа стотици луѓе, а илјадници пребегнаа од регионот.
За време на вонредната состојба безбедносните сили имаат овластување за вршење претрес во секое време.