Alaattin Doğru
08 Март 2021•Ажурирај: 09 Март 2021
ПАРИЗ (АА) - Францускиот политичар и милијардер Оливие Дасо загина вчера при пад на хеликоптер во регионот Калвадос, на северниот дел на Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хеликоптерот во кој се наоѓаше 69-годишниот Дасо, наследник на произведувачот на авионите „Индустрија Дасо“ ( Dassault Industry) и претставник на округот Оисе од 2002 година, се сруши меѓу градовите Довил и Онфлер.
Во несреќата загинаа Дасо и пилотот на хеликоптерот.
Сè уште нема официјални информации за причината за падот на хеликоптерот.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи на својот профил на Твитер, каде што порача дека Дасо многу ја сакал Франција и не се двоумел да ѝ служи на својата земја.
Истакнувајќи дека изненадната смрт на политичарот е голема загуба за Франција, Макрон изрази сочувство до семејството и најблиските.