İdris Sülün
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
ХОНОЛУЛУ (АА) - Научниците регистрираа голем број земјотреси на подрачјето на вулканот Килауеа на Хаваи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде Опсерваторијата за вулкани на Хаваи се наведува дека голем број земјотреси што започнаа синоќа продолжиле до рано наутро, но притоа земјотресите не предизвикале вулканска ерупција.
Хавајската опсерваторија објави дека на подрачјето на вулканот се регистрирани 140 земјотреси, од кои најголемиот бил со интензитет од 3,3 степени, а јачината на повеќето земјотреси бил помал од 1 степен.
Научниците, кои регистрирале промени на површината на вулканот за време на интензивните земјотреси, соопштија дека промените се показател дека магмата се движи во јужниот дел на вулканот.
Опсерваторијата нивото на тревога го смени од „мониторинг“ во „предупредување“.
Вулканот Килауеа, еден од најактивните во светот, има чести ерупции во периодот од 1983 година досега.