Ekrem Biçeroğlu
19 Јануари 2025•Ажурирај: 20 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската група за отпорот Хамас, ги објави имињата на трите лица што ќе ги ослободи како дел од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници постигнат со Израел, известува Анадолу.
Портпаролот на бригадите Ал-Касам, Абу Убејде, изјави дека како резултат на постигнатиот договор, прво ќе бидат ослободени три заробенички Израелки.
Абу Убејде соопшти дека денеска ќе бидат ослободени заробеничките Роми Гонен (24), Емили Дамари (28) и Дорон Штајнбрехер (31).