Mohammad Sıo
28 Октомври 2025•Ажурирај: 29 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинската група Хамас денес соопшти дека планираното предавање на телото на израелскиот заробеник ќе биде одложено поради прекршувањато на примирјето од страна на Тел Авив, известува Анадолу.
„Секоја израелска ескалација ќе ги попречи операциите за пребарување и ископување и преземањето на телата, што ќе го одложи враќањето на мртвите на окупаторите“, предупредија во соопштението бригадите Касам, вооруженото крило на групата.
Хамас планираше да ги предаде останките на израелски заложник во 20 часот по локално време (19:00 по средноевропско време) според договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила на 10 октомври.