Ekipa
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Палестинското движење на отпороХ Хамас, соопшти дека е постигнат договор за прекин на судирите во Газа и оти палестинските групи ќе го почитуваат, доколку тоа го стори и израелската страна, јавува Anadolu Agency (AA).
„По успешниот отпор на израелската агресија во изминатите неколку часа имаше доста медијација. Постигнат е договор за враќање на примирјето од 2014 година. Групите на палестинскиот отпор ќе го почитуваат договорот, сѐ додека тоа го прави и окупаторот“, изјави официјалниот претставник на Хамас, Ќалил ал Хаја.
Ал Хаја не сакаше да открие повеќе детали за договореното примирје, а израелската страна сѐ уште не ја потврди информацијата.
Илјадници Палестинци од крајот на март протестираат по должината на границата на Газа поради израелската окупација и префрлувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс). Израелските сили, со цел да ги задушат протестите, досега убија најмалку 115 Палестинци, а ранија неколку илјади демонстранти.
Тензиите во Газа повторно ескалираа по вчерашните израелски воздушни напади на Газа, за кои Израел тврди дека се одговор на ракетните напади од Газа. Во нападите во Газа убиени се најмалку четворица Палестинци.