Muhammet Kurşun
03 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
ТЕХЕРАН
Конзервативецот Ибрахим Реиси, кој победи на претседателските избори што се одржаа на 18 јуни во Иран, го доби мандатот од лидерот на земјата, Али Хамнеи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата за доделувањето на мандатот, што се одржа во главниот град Техеран, покрај иранскиот лидер Хамнеи, присуствуваа 7. претседател Хасан Рохани, претседателот на Парламентот, Мухамед Бакир Калибаф, претседателот на Судството, Гуламхусеин Мухсин Ежеи, и други високи извршни функционери.
На свеченоста, откако министерот за внатрешни работи Абдуреза Рахмани Фазли го презентираше извештајот за претседателските избори, Хамнеи му го врачи мандатот на Реиси.
Мохамед Гулпајегани, шефот на Кабинетот на Хамнеи, го прочита текстот со кој се потврдува претседателската функција на Реиси. Во текстот за одобрувањето на Хамнеи стои:
„Ги одобрувам гласовите на народот за господинот Саид Ибрахим Реиси и го именувам за претседател на Исламската Република Иран.“
Со оваа ратификација, Хамнеи го назначи Реиси на функцијата претседател за период од 4 години.