İlyas Tayfun Salcı
24 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ЛОНДОН (АА) - Хиџабот е вклучен во опциите на официјалната полициска униформа во Шкотска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на шкотската полиција, оваа одлука е донесена со цел поттикнување на жените муслиманки кои претходно не сметале на опцијата да работат како полицајки, да ја разгледаат оваа идеја.
Во соопштението се вели дека оваа одлука ќе овозможи полицијата подобро да ги застапи сите различни страни во општеството.
Иако хиџабот од 2001 година е дел од британската полициска униформа, во Шкотска носењето на хиџабот зависеше од дозволата на началниците.
Минатата година во Шкотса 4.809 лица се пријавиле за да бидат вработени како полицајци, но само 127 од нив биле дел од различни етнички или верски групи.
Се вели дека оваа бројка треба да се зголеми на 650 лица со цел да биде компатибилна со стапката на етничките и верските групи низ земјата.
Населението на Обединетото Кралство кое се состои од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска, брои над 66 милиони жители, од кои 3,5 милиони се муслимани.