Aida Cako
27 Ноември 2025•Ажурирај: 27 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Студенти од Лајден, Холандија, вчера се собраа пред историската зграда „Рапенбург 73“ на Универзитетот во Лајден, барајќи прекин на партнерствата на Универзитетот со израелските институции, јавува Анадолу.
Полицијата подоцна влезе во зградата и приведе неколку студенти.
Од октомври 2023 година, израелската Армија има убиено речиси 70.000 луѓе во Газа, најголемиот дел жени и деца, а 171.000 се повредени, во војната која остави голем дел од енклавата во урнатини.