Ali H. M.Abo Rezeg
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
РАБАТ (АА) - Холивудскиот актер Роберт де Ниро упати апел да се преземе нешто во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Јас сум вознемирен за тоа што се случи со Кашоги“, изјави Де Ниро за новинарите на маргините на 17. Меѓународен филмски фестивал „Маракеш“, во Мароко.
„Тоа не беше во ред, тоа е неприфатливо, и мора да се преземе нешто во врска со тоа“, рече тој.
Кашоги, саудиски новинар и колумнист на американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Откако на почетокот истакнаа дека Кашоги го напуштил Конзулатот жив, саудиските власти неколку недели подоцна признаа дека тој бил убиен во Конзулатот, обвинувајќи за неговата смрт група саудиски оперативци.
Вчера, група американски сенатори претставија резолуција, според која саудискиот принц Мухамед бин Селман се смета за одговорен за убиството на новинарот.