Haydar Karaalp
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
БАГДАД (АА) - Централната влада на Ирак испрати висока безбедносна делегација во областа Синџар во Мосул, каде што е присутна и терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ирачката официјална новинска агенција, делегацијата составена од началникот на Генералштабот, Абдулемир Јарулах, потсекретарот за национална безбедност, Касим Арачи, заменик-шефот на Командата на здружените операции, Абдулемир Шамари, и командантот на копнените сили, Касам Мухамед, од Багдад заминала во Синџар.
Се наведува дека делегацијата на високо ниво испратена од Багдад ќе ја испита безбедносната состојба во Синџар.
- Договорот за Синџар -
Договорот за Синџар беше потпишан меѓу Багдад и Ербил на 9 октомври 2020 година со цел отстранување на терористичката организација ПКК од регионот.
Според договорот, ирачката Централна влада испрати две бригади поврзани со федералната полиција во Синџар во ноември 2020 година.
Иако Ирак соопшти дека договорот започнал да се спроведува, сè уште има прашања за тоа како ПКК, која се наоѓа во регионот, ќе биде отстранета и каде ќе си замине.
Забележително е и тоа што ирачките власти досега не дадоа јасна информација во однос на ова прашање.
Се тврди дека во Синџар било испратено засилување од вооружените милициски структури поврзани со Хашди-Шаби.