Abdullah Tevge
09 Март 2022•Ажурирај: 10 Март 2022
ЛАВОВ (АА) - Цивилите кои сакаа да си ја обезбедат сопствената одбрана од нападите на Русија, од поранешни војници се обучуваа како се користи оружјето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилите собрани во едно кино во градот Лавов, по теоретската обука спроведоа практични вежби со автоматската пушка калашников.
Хелен, која не сакаше да го открие своето презиме, истакна дека присуствувала на обуката за да се заштити себеси и своите најблиски.
„Всушност, сите ние сме во оваа војна. Учиме како да си помагаме едни на други. Нашата главна цел не е да го убиеме непријателот, туку да ги заштитиме нашите граѓани“, рече Хелен.
Нагласувајќи дека Украинките се многу силни, Хелен рече дека тие имаат моќ да направат сѐ.