Emel Öz Gözellik
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 24 лица загинаа од циклонот што пред два дена ги погоди источните делови на Индија и предизвика вистински хаос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Циклонот „Титли“ во саботата ја погоди индиската покраина Одиша, а спасувачките служби синоќа од надојдената вода извлекоа тела на уште три лица.
Досега „Титли“ одзеде 24 животи, а десетици и понатаму се водат како исчезнати.
Најзагрозени региони се Гаџапати, Најагарх, Кандхамал, Катак, Кендуџхар и Ангул.
Поголемиот дел од населбите во регионот Срикакулам останаа без струја бидејќи електричната мрежа е уништена од ударот на силниот ветар проследен со поплави.
Локалните власти формираа повеќе од 800 засолништа за евакуираното население од поплавените подрачја.
На безбедно се евакуирани најмалку 300.000 лица, а на неопределено време е прекината наставата во училиштата.
Една од најтрагичните бури предизвикани од циклон во Индија се случи 1999 година, кога во покраината Ориса животот го загубија повеќе од 15.000 луѓе.