Bayram Altuğ
23 Јануари 2020•Ажурирај: 23 Јануари 2020
ДАВОС (АА) - БАЈРАМ АЛТУГ -
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека средбите во рамки на 50. Светски економски форум во Давос досега поминале плодно.
Чавушоглу во изјавата за новинарот на Агенција Анадолија (АА) говореше за учествувото на бројни настани во рамки на Самитот, на кои, како што рече, учесниците биле свесни за напорите на Турција кон постигнувањето на примирје во Сирија и Либија.
Тој потсети дека Уставниот комитет на Сирија е формиран со придонес на Турција, Русија и Иран.
Според него, во текот на двата дена во рамките на Самитот во Давос остварил 15 билатерални средби, а и денес ќе продолжи со интензивни средби.
„(Самитот во) Давос досега помина многу плодно. Вчеравечер учествувавме на еден настан чиј домаќин беше Катар. Покрај билетералните средби, се состануваме со голем број наши пријатели и со другите учесници. Навистина постои голема заинтересираност за Турција, особено има заинтересираност од бизнис и финансискиот свет“, рече тој.
Чавушоглу нагласи дека забележале оти во Давос постои загриженост поради раселувањето на цивилите од Идлиб и нападите на Асадовиот режим врз цивилите.
Според Чавушоглу, во последната година во Идлиб биле убиени околу 1.500 цивили, додека бројот на вкупно раселените цивили изнесува 700.000, од кои околу 400.000 се раселени во последните два месеца.
Турскиот министер рече дека единственото решение во Либија е политичкото решение.
Тој истакна дека треба да се врши притисок врз водачот на илегалната вооружена милиција во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, со цел да не го прекршуваат примирјето. Според него, потоа може да се премине во посеопфатен процес.