Nazlı Yüzbaşıoğlu
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
ДУБАИ
Мохамед бин Рашид ал Мактум, потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), го прими во Дубаи министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу во понеделникот допатува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.
На состанокот на Ал Мактум и Чавушоглу присуствуваа и амбасадорот на Турција во Абу Даби, Тугај Тунџер и генералниот конзул на Турција во Дубаи, Мустафа Илкер Килич.
Турскиот министер за надворешни работи на Твитер објави дека двете земји ќе продолжат да ги развиваат економските врски во наредниот период.
„Додатно ќе ги унапредиме нашите економски и трговски односи со ОАЕ“, изјави Чавушоглу.
Чавушоглу вчера се состана и со турските деловни луѓе во Дубаи.
Во обраќањето на членовите на Турскиот деловен совет, Чавушоглу изјави дека турските деловни луѓе во ОАЕ играат важна улога во јакнењето на економските врски меѓу двете држави. Како што изјави тој, Турција ќе продолжи да пружа секаков вид поддршка.
Тој истакна дека трговијата меѓу Турција и ОАЕ додатно ќе расте во наредниот период.