Sibel Uğurlu
01 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес пристигна во Доха за да изврши подготовки за четвртиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние се наоѓаме во Доха да ги разгледаме подготовките за четвртиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар и да одржиме билатерални разговори“, објави Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер.
„За време на неговата дводневна посета Чавушоглу ќе се состане со катарскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ал Тани“, се соопштува од Министерството за надворешни работи на Турција.
Третиот состанок на Врховниот стратешки комитет на Турција и Катар беше одржан во ноември минатата година.