Nazlı Yüzbaşıoğlu
29 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција секогаш ќе стои покрај палестинскиот народ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави порака по повод „Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ“.
„На Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ од срце ги поддржуваме нашите палестински браќа. Оваа кауза е наша кауза. Секогаш ќе стоиме покрај палестинскиот народ во нивната праведна кауза“, напиша шефот на турската дипломатија.
По повод „Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ“, соопштение е објавено и на Твитер профилот на Министерството за надворешни работи на Турција.
„На Меѓународниот ден за солидарност со палестинскиот народ најсилно ја потврдуваме нашата посветенесот кон праведната кауза на Палестина. Ќе продолжат нашите напори за историската неправда на која е изложен братскиот палестински народ, да се реши на постојан начин врз основа на дводржавно решение“, се вели во соопштението на турското МНР.