Betül Yılmaz
02 Јули 2025•Ажурирај: 05 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Египетските власти денес потврдија дека четири лица загинале откако баржа се превртела во Суецкиот Залив, крај источниот брег на Египет, пренесува Анадолу.
Во соопштението, Министерството за здравство истакнува дека 22 повредени лица биле спасени откако баржата „Адам Марин 12“ потонала синоќа.
Гувернерот на Црвеното Море, Амр Ханафи, сепак изјави дека во несреќата се повредени 23 лица, од кои двајца се во критична состојба.
Тој во телевизиските изјави рече дека се во тек напорите за потрага по уште три исчезнати лица.
Египетското Министерство за нафта соопшти дека баржата се превртела во областа Џабал Зејт во Суецкиот Залив, крај источниот брег на Египет.
Областа е околу 300 километри јужно од Суецкиот Канал, главен воден пат што ги поврзува Европа и Азија.