Ahmet Furkan Mercan
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ТОКИО
Во пожар што избувна во двокатна куќа во јапонската префектура Нагано животот го загубија четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави новинската агенција „Кјодо“, во вечерните часови избувнал пожар во една двокатна куќа во местото Саку во префектурата Нагано.
Според информациите добиени од полициски извори, откриено е дека за време на пожарот во куќата имало една жена и 5 деца.
По петчасовната борба со огнената стихија по која целата куќа била претворена во пепел, спасени се само жената и нејзиното едногодишно бебе.