Nuri Aydın
16 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
ДЕТРОИТ
Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ соопшти дека во САД, поради дефекти ќе повика 1,4 милиони возила, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави јапонската компанија се наведува дека за поправка на проблемите со карданот, софтверот и прекумерното загревање на копчето за автоматските прозорци, во сервисите ќе повика 1,4 милиони возила во САД.
Во соопштението се вели дека поради проблемот со софтверот кој е забележан кај возилата од моделот „аccord“, произведени во периодот 2018 - 2020 и кај возилата од моделот „insight“, произведени во периодот 2019 - 2020, ќе бидат повикани 737.999 возила; поради проблемот со карданот во процес на повикување се сите возила од моделот „nonda civic hybrids“, произведени од 2012 досега, а опфатени се и автомобилите од моделите „honda fit“, произведени во периодот 2007 - 2014 и моделите „acura ILX“ и „accord“ во периодот 2013 - 2015.
Во исто време околу 268.000 автомобили од моделот CR-V произведени во периодот 2002 - 2006 се дел од автомобилите што ќе се повикаат назад поради проблемот со електриката на копчето за автоматски прозорци.
Сопствениците на возилата кон крајот на јануари ќе бидат информирани кога ќе треба да го посетат сервисот.