Alma Dekovic
26 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
АМСТЕРДАМ (АА) - Пожар избувна на товарен брод што превезувал речиси 3.000 автомобили по Северното Море, во близина на Холандија, пренесува Анадолу.
Се верува дека пожарот во кој загина член на екипажот на бродот е предизвикан од електричен автомобил. Во пожарот има и неколкумина повредени, а неколку члена на екипажот скокнале од палубата на бродот во морето, барајќи спас од пожарот, извести Крајбрежната стража на Холандија.
Товарниот брод „Фрементл Хајвеј“, регистриран во Панама, превезувал 2.857 автомобили, од кои 25 електрични, од Германија до Порт Саид во Египет.