Qais Omar Darwesh Omar,Halime Afra Aksoy
26 Јули 2023•Ажурирај: 31 Јули 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 40 Палестинци во различни зони во окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Здружението на палестински затвореници.
Во соопштението се наведува дека израелските сили од утринските часови досега привеле најмалку 40 Палестинци во различни зони на Западниот Брег.
Според информациите добиени од очевидците, израелските војници извршиле рации во градовите Тубас и Џенин во северниот дел на Западен Брег, при што дошло до тензии меѓу војниците и жителите од овие подрачја.
Израелските сили користеле вистински куршуми и солзавец при интервенцијата врз Палестинците.
Израелските власти сѐ уште не излегоа со соопштение во врска со случајот.
Инаку, израелските војници често вршат рации во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Одвреме-навреме доаѓа до судири меѓу израелските војници и Палестинците кои реагираат на овие рации.