Alma Çekovic
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ ја одбележа втората годишнина од крвавиот напад на редакцијата, со насловна страница на која пишува: „2017 година светлина на крајот од тунелот“, јавува Anadolu Agency (AA).
На насловната страница на денешното специјално издание е прикажан човек што се смее пред нишан од пушка AK47 што ја држи маж со брада во бело, а на неа пишува: „2017, конечно светлина на крајот од тунелот“.
Автор на насловната на ова специјално издание е Фоолз, цртач од новата генерација кој го следи патот на карикатуристите Харб, Кабу и Волински, кои беа убиени во нападот.
Првата годишнина францускиот сатиричен магазин ја одбележа со насловна на која е прикажан човек со брада што го симболизира Бог, со крвава облека, со калашников во раката, со наслов: „Една година подоцна, убиецот е и понатаму на слобода“.
Тоа издание е продадено во повеќе од милион примероци. Сатиричниот неделник стана светски познат кога двајца браќа на 7 јануари 2015 година, убија 12 лица во редакцијата во Париз поради објавување карикатура на божјиот пратеник Мухамед.
Првото издание на списанието по нападот, кое го уредија преживеаните членови на редакцијата, беше продадено во рекордни 7,5 милиони примероци.