Atila Altuntaş
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
СТОКХОЛМ (AA) – Шведска донесе одлука за депортација на 106. годишната Авганистанка Бибикал Узбек, за која се претпоставува дека е најстариот мигрант во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јави шведското радио СР, Канцеларијата за мигранти на оваа земја го одби барањето за азил и донесе одлука за депортација на 106. годишната Авганистанка, која во последната година дена живее во градот Скараборг, во шведскиот регион Готланд.
Авганистанката Бибикал Узбек има право на жалба на оваа одлука.
Авганистанката минатата година ја напушти својата земја и стаса до Хрватска, а според податоците кои тогаш ги земаа хрватските полицајци, имаше 105 години.
По Хрватска, Узбек заедно со семејството го продолжи патот кон Шведска, каде побара азил.