Beyza Binnur Dönmez
07 Септември 2026•Ажурирано: 07 Септември 2026
Шведска ќе го купи американскиот ракетен артилериски систем ХИМАРС и голема количина муниција во договор вреден повеќе од 7 милијарди шведски круни (речиси 750 милиони долари), објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.
Владата го одобри купувањето по години подготовки, објави шведскиот јавен сервис СВТ.
Купувањето опфаќа повеќе од 10 единици за гаѓање и муниција ГМЛРС, а првите системи се очекува да пристигнат во Шведска следната година.
„Ова ѝ дава на шведската Армија способност што ја нема денес, способност да напаѓа на значително поголеми растојанија од денес“, рече министерот за одбрана Пал Џонсон.
Паралелно со купувањето, шведската одбранбена компанија „Сааб“ и американскиот производител „Локхид Мартин“ денес потпишаа писмо за намери за производство на муниција за високопрецизна ударна ракета (PrSM) во Шведска, поради глобалниот недостиг на муниција ХИМАРС.
Ракетите можат да достигнат цели на оддалеченост до 500 километри, објави СВТ.
Шведска и Финска, исто така, се согласија да ја продлабочат соработката за системот, вклучително и обука и техничко одржување во Финска, која долго време управува со единици специјализирани за ракетна артилерија.
Финскиот министер за одбрана Анти Хакканен го опиша потегот како уште една „пресвртна точка“ во продлабочувањето на воената соработка меѓу двете земји.