Atila Altuntaş
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската премиерка Магдалена Андерсон истакна дека разговорите со Турција за членството на нејзината земја во НАТО продолжуваат и дека преговорите ќе потраат одреден период, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за шведската официјална новинска агенција ТТ, Андерсон го оцени пристапот на Турција кон членството на Шведска во НАТО.
Наведувајќи дека го продолжуваат дијалогот со Турција, Андерсон рече: „Имав убав и позитивен состанок со претседателот (Реџеп Таип) Ердоган овој викенд. Во блиска иднина Шведска и Финска ќе ги продолжат билатералните и трипартитните разговори со Турција, но преговорите ќе потраат одреден период.“
Таа истакна дека со нетрпение ги очекува преговорите со Турција, и дека тие се една од првите земји што ја ставија ПКК на терористичката листа.