Ekipa
30 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
РИЈАД (АА) - Шест земји кои гравитираат околу Црвеното Море започнаа заедничка воена вежба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вежбата „Црвен бран 1“ ги здружи поморските сили од Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Судан, Јемен и Џибути.
Саудиската новинска агенција СПА јави дека во воената вежба учествуваат и набљудувачи од Сомалија.
„Вежбата има за цел да ја зајакне поморската безбедност на земјите кои гравитираат кон Црвеното Море, да ги заштити територијалните води, да ги зајакне воената соработка и размената на борбената експертиза“, истакна командантот на Западната флота на Саудиска Арабија, генерал-мајор Сакр бин Мухамед ал Харби.
Воената вежба ќе трае до четврток.
Саудиската новинска агенција не изнесе детали за тоа колкав број на сили учествуваат во вежбата.