Ahmed Youssef Elsayed Abdelrehim,Zeynep Tüfekçi
19 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
ДОХА (АА) - Шестата група припадници на Турските вооружени сили (ТСК) пристигнаа во главниот град на Катар, Доха, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Катар, дополнителната група што во рамките на договорот за воена соработка меѓу Катар и Турција пристигна во земјата, им се придружила на другите турски војници во Доха и започнале со заедничка работа со вооружените сили на Катар.
Исто така, во ова соопштение се наведува дека Анкара и Доха соработуваат во одбранбениот сектор, во рамките на заедничката одбранбена перцепција за поддржување на напорите во борбата против тероризмот и екстремизмот, и за заштита на безбедноста и стабилноста во регионот.
Договорот за соработка меѓу Турција и Катар во областа на одбранбената индустрија и воената вежба којашто овозможува постојано распоредување на турските трупи во Катар, стапи во сила на 15 јуни 2015 година.
На 28 април 2016 година беше потпишан договорот за распоредување на турските трупи на територијата на Катар, кој беше ратификуван на 7 јуни 2017 година во турскиот Парламент, со што беше завршен внатрешниот законски процес за распоредување на турските трупи во Катар.
Првата група припадници на ТСК пристигнаа во Катар на 19 јуни оваа година.