Elena Teslova
25 Ноември 2022•Ажурирај: 26 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, денеска отпатува за Украина за да се состане со украинскиот претседател Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За време на неговата посета, Клеверли најави поддршка за Украина во вредност од 3 милиони фунти (3,63 милиони долари) за обнова на инфраструктурата“, се вели во соопштението на британската служба за надворешни работи.
„Велика Британија ѝ ја дава на Украина потребната поддршка за да ја помине зимата и реконструкција на подолг рок. Џејмс Клеверли отпатува во Украина за да ја нагласи поддршката на Велика Британија по бруталните руски напади врз цивилите и инфраструктурата“, додаде на Твитер британската служба за надворешни работи.
Зеленски се заблагодари на Лондон за поддршката, ветувајќи дека никогаш нема да го заборават тоа.
„Велика Британија стои на страната на Украина во овој клучен момент за нас. Никогаш нема да го заборавиме ова. Благодарен сум му на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелтот и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли, за посетата“, напиша Зеленски на Телеграм.
Минатата недела, Киев беше домаќин на посетата на премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, кој дојде со пакет од 50 милиони фунти одбранбена воена поддршка.