Sümeyye Dilara Dinçer
16 Јули 2023•Ажурирај: 18 Јули 2023
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, беше примен на средба од страна на премиерот на Малезија, Енвер Ибрахим, во малезиската покраина Пенанг, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за надворешни работи на Туркије.
Во соопштението се наведува дека Фидан бил примен на средба од страна на малезискиот премиер Ибрахим.
Во друго соопштение на турското МНР се вели дека Фидан се сретнал и со вицепремиерот на Малезија, Ахмад Захид Хамиди.